Младински предлог бр. 1 за Општина Липково
Повеќе автобуски линии и возен ред
Проблем:
За младите од Липково, во моментов нема доволен број на автобуски линии за локален превоз ниту информации за возен ред и кој автобус каде сообраќа. Погодени се средношколците кои некогаш треба да отсуствуваат од часови за да стигнат на последниот превоз за дома, но и другите млади за кои нема линии надвор од училишниот превоз. На автобуските постојки нема возен ред, релации и дестинации на линиите.
Предлог:
Да се воведат повеќе линии за локален превоз, особено на релација Липково – Куманово. На постојките треба да се објават возните редови и маршрутите на автобусите. Само вака младите ќе имаат добар јавен превоз, нема да користат такси, да прават дополнителни трошоци и да чекаат во неизвесност. Јавниот превоз треба да биде чест, организиран и јасно прегледен за сите кои го користат.