Младински идеи

Младинските идеи на оваа веб страница доаѓаат директно од младите. Идеите за кои беше отворено јавно гласање на овој веб сајт се предлози добиени од млади луѓе од секоја од општините, за како тие сакаат да изгледа нивната средина и условите кои сакаат да ги имаат.

Сите кои го дадоа својот глас на оваа веб страница учествуваа во изборот на приоритети за секоја општина кои ќе бидат доставени до кандидатите за градоначалници и идните избрани градоначалници и членови на советите на локалните самоуправи.

На овој начин сакаме да ги поттикнеме носителите на одлуки да се информираат и да работат за политики во интерес на младите, но и да ги вклучуваат во одлучувањето во иднина.

Идеите се добиени од самите млади – преку фокус групи, консултации и прашалници спроведени од партнерите на проектот (ЦЕД – Теарце, ЦИД – Куманово, ФРЛЗ – Штип) во општините: Карбници, Куманово, Липково, Теарце, Тетово и Штип.