За информативната кампања „Слушни ме!“

„Слушни ме!“ е информативна кампања за покревање на свеста кај младите за проблемите и приоритетите кои ги имаат на локално ниво, во пресрет на локалните избори 2021. Кампањата ја спроведува Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ – Штип), Центар за едукација и развој – Теарце (ЦЕД – Теарце) и Центар за интеркултурен дијалог – Куманово (ЦИД – Куманово).

„Слушни ме!“ цели да ги пронајде и промовира потребите на младите од шест општини: Карбинци, Куманово, Липково, Теарце, Тетово и Штип. Преку оваа веб страница младите можат да гласаат за приоритети во секоја од овие општини. Гласањето за младински идеи треба да ги доближи идеите и предлозите на младите до кандидатите за градоначалници во овие општини. Препораките од младите ќе бидат доставени до избраните градоначалници и советници за да се даде идеја и импулс да се заложат за подобрување на локалната самоуправа според потребите на младите.

Целта на кампањата е да се мотивираат и информираат младите да ги препознаат изборите како начин за демократско учество и да се поттикнат да се застапуваат за нивните приоритети како и да се покрене свеста кај кандидатите за градоначалници за потребите на младите во овие локални самоуправи.

Кампањата е дел од проектот Иницијативата за демократија на Западен Балкан спроведуван од страна на ВФД со поддршка од Британската влада.