Младински предлог бр. 5 за Општина Куманово

Зелени рекреативни паркови “Street Work Out”

 

Проблем:

Немање на доволно паркови и зелени површини, како и паркови за улично вежбање (Street work out) во различни делови од Општина Куманово. На младите им е важно да имаат паркови каде што ќе може да се рекреираат, потреба која стана уште повидлива во време на пандемијата. Едниот централен парк не е доволен за младите, и не е еднакво достапен за сите, а поради големиот интерес често се создава гужва и не може да се вежба.

Предлог:

Младите понудија повеќе решенија, меѓу кои се следните:
– Овозможување на зелени површини (паркови) во различни делови од општината;
– Овозможување на Street workout паркови или паркови со спортски терени во различни делови од општината;

Со повеќе паркови ќе има подобри услови за рекреација и поубава животна средина. Парковите би придонеле за поздрав живот на младите и поголема дружба, но и место за вежбање без трошоци во фитнес центри.