Младински предлог бр. 2 за Општина Карбинци

Воспоставување ефикасен јавен превоз меѓу Штип и Карбинци

 

Проблем:

Недостаток од поврзан, организиран и ефикасен превоз долж населените места во Општина Карбинци. Природно жителите на оваа општина гравитираат кон Штип, особено за вршење на работните обврски. Постои слабо организиран превоз за дел од местата кој не ги задоволува потребите на граѓаните. Принудени се да користат сопствени возила и да прават трошоци. Младите кои немаат стекнато право на управување со возило се во уште понезавидна ситуација.

Предлог:

Организирација на јавен превоз до повеќето населени места со почеста фреквенција со високо-еколошки возила (ТНГ, ЦНГ или електробус), оптимизација од адекватно тело (сообраќаен факултет или институт) и градење на систем (електронски и физички) за широко информирање на граѓаните.

Целта е Општина Карбинци да биде модерна општина која им ги нуди сите усуги на своите граѓани, а транспортот меѓу Штип и Карбинци да биде достапен, ефикасен, безбеден и евтин за граѓаните.