Младински предлог бр. 2 за Општина Штип

Велосипедски патеки

 

Проблем:

Во моментот во општина Штип нема велосипедски патека. Велосипедистите се приморани да бидат вклучени во сообраќајот или да го узурпираат просторот на пешачките патеки, најчесто на патеката долж реката Брегалница. Пешачката патека е тесна и со ограничен капацитет, веќе оптеретена со пешаци, пешаци со домашни миленичиња, колички итн., а велосипедистите дополнително заземаат простор и ја нарушуваат безбедноста на другите на самите нив.

Предлог:

Низ градот да се дизајнираат и означат велосипедски ленти и постават сообраќајни знаци кои ќе бидат употребувани само од велосипедистите. Истото да важи и за пешачката патека долж Брегалница, каде што патеката би можела да се прошири. На тој начин, истовремено ќе се намалат можностите за несреќи и движењето и на пешаците и на велосипедистите ќе се одвива непречено.

Со решавање на ова прашање, младите и возрасните, поради чувството на поголема безбедност ќе се поттикнат да возат велосипед за пократки релации. Сообраќајот ќе се растерети и младите ќе можат да создаваат нови здрави навики, истовремено чувствувајќи се побезбедно.