Младински предлог бр. 3 за Општина Штип
Улично осветлување на соларна енергија
Проблем:
Има делови од градот кои не се или се недоволно осветлени. На некои места, уличното осветлување многу често не функционира. Со поставување на панели добиваме самоодржувачка светлина и помала потрошувачка.
Предлог:
Поставување на соларно осветлување по улиците за осветлување на местата во градот каде е најпотребна светлина, на начин кој истовремено е одржлив и еколошки. Вака ќе се подобри видливоста и безбедноста на улиците ноќе и ќе се постави добра практика за грижа за животната средина.