Младински предлог бр. 8 за Општина Куманово

Развој на индустриските капацитети

 

Проблем:

Во моментов во градот постои потреба од надоградени локални стратегии за развој на индустриски зони и мапирање на индустрии кои што одговараат на струките од средните училишта во општината.

Предлог:

Предлог решенија на младите се:
– Локалните власти да ги ажурираат своите стратегии согласно актуелните потреби за определени видови на индустриски капацитети;
– Да се разгледа што е во нивна моќ да се мапираат и привлечат што е можно повеќе индустриски капацитети со што би се внимавало истите да работат во дејностите што соодветствуваат на продуцираните кадри од средните стручни училишта;

Целта е младите од средните стручните училишта да имаат простор каде да одат на практична настава за време на нивното школување и да се запознаат со нови методи на работа во нивната област, а по завршување на нивното образование да имаат простор да се вработат согласно струката за која што имаат стекнато компетенци.