Младински предлог бр. 4 за Општина Теарце
Програма за едукација и поддршка на младинското вработување
Проблем:
Еден од најголемите проблеми кој ги допира младите не само во Општина Теарце, туку и пошироко е невработеноста. Овој проблем е уште поизразен во руралните средини, каде освен во општината и некои помали компании, немаат можности за вработување. Во регионот на Општина Теарце недостасуваат центри за одржување на обуки и тренинг преку кои би се граделе вештините на младите за вработување. Ова е една од причините пораки кои младите од општината си заминуваат од овој крај.
Предлог:
Едно од решенијата за овој проблем е обезбедување на простор и програми за едукација, дообучување, стручно усовршување, вештини за справување на пазарот на трудот и претприемништво. Ваков тип на програми за развој, кои би можеле да се спроведуваат во соработка со локалниот младински совет, локалните граѓански организации и бизнис секторот би помогнале на младите да дојдат до работни места.