Младински предлог бр. 6 за Општина Куманово

Пристапна инфрастурктура за лицата со попреченост

 

Проблем:

Лицата со попреченост не можат самостојно да се движат по улиците и објектите во градот. Има потреба да се адаптира постоечката и новоизградената патна инфраструктура за да биде пристапна за лицата со попреченост, потреба да се изградат нови улици во населбите вон централно подрачје на градот со функционални тротоари и улична сигнализација.
Потребно е да се адаптираат постоечките згради и јавни објекти за да можат да бидат пристапни за лица со попреченост. Проблем претставува и реконструкција на дел од училиштата и изградба на нови сали.

Предлог:

Следните идеи се дадени како предлог решенија за проблемот со инфраструктурата:
– Адаптација на постоечката и новоизградената патна инфраструктура со цел истата да биде пристапна и за лицата со попреченост;
– Изградба на нови улици во населбите вон централно подрачје на градот со функционални тротоари и улична сигнализација;
– Адаптација на постоечките згради за да можат да бидат пристапни за лица со попреченост преку изградба на надворешни лифтови (особено зградите со повеќе катови);
– Реконструкција на дел од училиштата и изградба на нови сали;

Преку предложените решенија патната инфраструктура би била пристапна и безбедна за сите жители.
Со реконструкција на училиштата, учениците би имале подобри услови за учење, а со изградба на салите би имале повеќе простор за спорт и рекреација.