Младински предлог бр. 6 за Општина Теарце

Превоз Тетово-Теараце

 

Проблем:

Во моментов младите и жителите од селата немаат организиран превоз до Тетово. Секое село самостојно има организирано превоз, но нема јасен или заеднички систем. Поради тоа, за да се патува од Теарце до Тетово може да се чека и до еден час, поради што младите одат пеш по главниот пат, чекајќи да помине комбе или автобус од друго село или општина. Често комбињата се преоптоварени со патници, а во време на пандемија тоа го загрозува и јавното здравје.

Предлог:

Организирање на превоз за младите од Теарце кон Тетово, со точно дефиниран распоред и станици. Решавањето на овој проблем ќе придонесе младите да можат да пристигнуваат навреме во градот, да го планираат своето време и да се намали чекањето и неизвесноста со превозот.