Младински предлог бр. 5 за Општина Тетово

Повеќенаменски спортски терени

 

Проблем:

Младите во Тетово немаат доволно простори и спортски терени за рекреација. Спортот треба да биде една од најзастапените форми за рекреација за младите, особено во денешното дигитално време. На градот му се потребни повеќенаменски спортски мултифункционални терени.

Предлог:

Трансформирање и проширување на постоечките фудбалски терени во средните училишта во мултифункционални терени на кои може да се игра фудбал, кошарка, одбојка и други спортови. Мултифункционалните терени во Тетово ќе нудат повеќе услови за младите спортисти да се унапредуваат, а останатите млади (и возрасни) да се рекреираат и да водат активен здрав живот и квалитетно да го исполнуваат слободното време.