Младински предлог бр. 4 за Општина Куманово

Повеќе младински центри

 

Проблем:

Во општината нема доволно центри за млади каде што младите би можеле да споделуваат различни идеи, да работат на различни иницијативи и проекти и да се вмрежуваат и дружат.
Иако има еден младински центар во Куманово, со оглед на големината на општината, пожелно и потребно е да има и повеќе помали центри во населбите и различните делови на градот.

Предлог:

Адаптирање на веќе постоечки простори, особено кои не се користат, во различни населби и делови од општините во центри за млади. Истите да бидат опремени согласно потребите за активностите што ќе се одвиваат во нив. Со отворање на повеќе младински центри, младите во непосредна близина на своите населби и места на живеење ќе имаат простор за едукација и развој, каде проактивно ќе може да учествуваат во заедницата преку развивање на нивните идеи, проекти, иницијативи и сл.