Младински предлог бр. 3 за Општина Куманово
Повеќе култура
Проблем:
Немање на доволно капацитети за развој на културен живот на младите во Општините Куманово. Општината нема функционално кино, театарот треба да биде реконструиран, а моменталната ситуација влијае на културниот живот на младите луѓе. Овој проблем ги засега и младите уметници и нивните можности и простори за творење.
Предлог:
За решавање на овој проблем, младите ги понудија следните предлог решенија:
– Реконструкција/реадаптација и модернизирање на постоечките објекти;
– Зголемување на број на содржини во културните установи – програма;
– Да се воспостави механизам за одржување на добри услови и квалитетна програма во овие културни установи;
Со реализација на овие предлог идеи ќе се подобри културниот живот на младите и граѓаните, а младите уметници би имале соодветен модерен простор каде што би можеле да ги покажат своите таленти и креативноста.