Младински предлог бр. 2 за Општина Куманово

Повеќе автобуски линии и возен ред – Од точка А до точка Б! Кога? Каде? Како?

 

Проблем:

Во моментов нема доволен број на автобуски линии за локален превоз како и ниту информации за возниот ред и кој автобус каде и кога сообраќа.

Поради малиот број на линии, најмногу се засегнати средношколците кои што често треба да чекаат долго или отсуствуваат од часови за да можат да стигнат за превоз до дома.
На автобуските постојки нема возни редови за тоа во кое време сообраќаат локалните автобуси и кој број на автобус каде точно во градот сообраќа.

Предлог:

-Воведување на повеќе линии на локален превоз во Oпштина Куманово и Општина Липково;
-Истакнување на возни редови на постоечките постојки;
-Обележување на целосна маршута за линија на која што определен број на автобус сообраќа;

На овој начин младите луѓе не би губеле многу време во чекање на автобуски превоз, не би пропуштале дел од нивните часови и би се намалила неизвесноста при планирањето на денот. Почестите линии ќе ја намалат потребата од такси и трошоците на младите луѓе. Имањето на истакнат возен ред ќе им користи на младите луѓе полесно да си го организираат времето на патување, особено ако менуваат два автобуси. Со истакнување на целосната маршрута на секоја од автобуските линии засебно, би се зголемила информираноста на младите луѓе за автобускиот превоз и би имале подобра лична организација на пат од дома до училиште или друга одредница. Оваа препорака важи за централното и периферното подрачје на Куманово, а ова подобрување би било од корист на сите жители, не само младите.