Младински предлог бр. 5 за Општина Штип

Пошумување на околните градски ридови

 

Проблем:

Густиот сообраќај во Штип е еден од причинителите на загадување во градот, додека во текот на зимскиот период греењето на домовите со дрва дополнително го влошува овој проблем. Збогатувањето на шумскиот појас ќе треба да ги намали ефектите од загадувањето.

Предлог:

Да се пошумат околните ридови на градот Штип и да се постават садници и цвеќиња низ урбаниот дел на градот, за разубавување на изгледот на истиот.

Пошумувањето може да биде изведено со волонтерска акција во која би се вклучиле младите. Преку поддршки и донации да се дојде до садници од повеќе видови и истите да бидат посадени од страна на претставници и членови на здруженија, локални јавни претпријатија и волонтери. Преку оваа иницијатива може да се допре до јавноста и да се подигне свеста кај младите колку зеленилото е важно во секојдневниот живот.

Со оваа иницијатива на младите во иднина ќе им се создадат нови можности за прошетки и излети да ги избираат локациите и ридовите кои што тие сами ги посадиле. Истовремено, ќе придонесат и до разубавување на градот и чистење на воздухот. Целата оваа иницијатива, понатаму може да прерасне во традиција која ќе се одвива еднаш до двапати годишно.