Младински предлог бр. 4 за Општина Тетово
Поголема безбедност за жените
Проблем:
Младите во фокус групите потенцираа дека сметаат дека нема доволно свест за родова еднаквост. Особен проблем кој се посочува е што многу од жените во градот не се чувствуваат безбедни кога се сами на улица, поради довикнување и сексуално вознемирување.
Предлог:
Општина Тетово во соработка со граѓанските организации да креира стратешки план за подигање на свеста кон граѓаните за родовата еднаквост и да работи на креирање на безбеден град во кој сите ќе можат слободно да се движат без да бидат жртви на сексуално вознемирување.