Младински предлог бр. 8 за Општина Штип
Поголема безбедност во училиштата
Проблем:
Безбедноста во училиштата во Штип е на просечно ниво, сметаат дел од младите од фокус групата во Штип.
Предлог:
За да се избегнат инциденти и насилство, а да се зголеми безбедноста младите препорачуваат да се работи на подобрување на безбедноста на учениците во училиштата. Активности кои може да се преземат се обезбедување, видео надзор, едукација и други пристапи.