Младински предлог бр. 4 за Општина Карбинци
Подобрување на уличното осветлување во Општина Карбинци
Проблем:
Дел од селата кои припаѓаат на Општина Карбинци, особено оние кои се наоѓаат повисоко, немаат улично осветлување. Осветлувањето во низинските села е парцијално, каде вообичаено последните куќи немаат улично осветлување. Безбедноста не е на посакуваното ниво, посебно заради присуство на диви животни. Младите се чувствуваат непријатно кога треба да минуваат во ноќните часови.
Предлог:
Поставување на улично осветлување на повеќе локации за безбедна и модерна Општина Карбинци.