Младински предлог бр. 7 за Општина Куманово

Подобрување на училишните услови

 

Проблем:

Во моментов учениците кои учат во старата занаетчиска зграда, односно учениците од „Сами Фрешери“ и „Наце Буѓони“ од паралелките на албански наставен јазик, учат во несоодветни услови, како училници, кабинети, бифе, сали, кои не се соодветни во објектот каде се наоѓаат овие ученици. Тие детектираат потреба од префрлање на наставата во посоодветен објект.

Предлог:

Решението понудено од младите е подобрување на условите за образование и преместување на училиштата во друг објект кој што ќе биде соодветен на потребите на учениците. На овој начин би се обезбедил подобар и пофункционален простор за учење кој што ќе соодветствува на реалните потреби на учениците во овие училишта.