Младински предлог бр. 1 за Општина Куманово

Почиста животна средина – еколошки с(о)весни

 

Проблем:

Проблемот што треба да се реши е загаденоста на ниво на цела општина, постоење на ѓубре на речиси сите јавни како и постоење на диви депонии. Покрај немање на доволно канти каде што ѓубрето може да се фрла, проблем е детектиран и во свесноста на населението кое што и во места каде што има канти за отпад, фрлаат ѓубре на јавни површини. Младите луѓе сметаат дека ваквата ситуација поприлично се одразува на нивниот квалитет на живот и ширење на зарази. Младите посочија дека се срамат кога некој од друго место ќе им дојде во општината поради ова.

Предлог:

Младите предлагаат:
– Да се постават повеќе корпи за отпадоци и во населени места надвор од централното подрачје на градот;
– Да се зголеми надзорот во градот и да се детектираат загадувачите со цел да се спречи понатамошно загадување на јавните површини;
– Да се зголеми казнувањето на загадувачите;
– Да се обезбеди едукативна програма за помладите генерации за зачувување на животната средина за да се подигне нивната свест и да се работи на превенција од понатамошно загадување;

Ова прашање е од интерес на младите кои детектираат дека чистата животна средина е еден од приоритетите за подобрување на нивниот квалитет на живот.