Младински предлог бр. 7 за Општина Штип

Парк и игралиште во населба „Суитлак“

 

Проблем:

Како еден од проблемите на младите во Општина Штип е немањето на доволено содржини за рекреација, посебно за децата и младите. Младите се прилично ограничени во изборот на спортските и физичките активности кои би сакале да ги практикуваат, и изборот се сведува на фудбал или кошарка.

Предлог:

Ваков вид на парк и игралишта ќе понудат различни можности и ќе станат дел од животот на сите граѓани на Општина Штип. Паркот би можел да има повеќе содржини, поразлични од другите, скејт-парк, терен за одбојка, зона за паркур, адреналинска патека, сквош зона и тн., а истовремено и место за прошетка на миленици. Донациите од граѓани и од бизнис секторот би можеле да бидат од помош во остварувањето на оваа цел која што за сите ќе биде од огромно значење.

Модерното живеење сѐ повеќе ги оддалечува младите од социјалниот живот и од физичката активност. Ваков парк и игралишта ќе бидат од можност за искористување на слободното време на здрав и рекреативен начин. Потенцијална локација за ваков парк е населбата Суитлак.