Младински предлог бр. 1 за Општина Теарце
Општинска библиотека во Теарце
Проблем:
Регионот на општината Теарце иако брои околу 24.000 жители, нема своја библиотека. Поради ова, младите кои сакаат да читаат и да имаат пристап до литература мора да патуваат до Тетово.
Предлог:
Отворање на библиотека на територијата на општина Теарце со што би се решил голем проблем на младите од регионот. Со општинска библиотека младите ќе можат да изнајмуваат книги на евтин и одржлив начин и ќе имаат простор за читање и учење. Со отворање на библиотека се збогатуваат можностите за едукација, надградување и квалитетно исполнување на времето на младите.