Младински предлог бр. 5 за Општина Теарце
Онлајн младинско радио
Проблем:
Во општина Теарце не постои радио или пак медиум каде би се слушал гласот и интересите на младите.
Предлог:
Да се отвори веб (онлајн) младинско радио како младински медиум во општината. Преку ова радио би се промовирале потребите на младите, би се креирал медиумски простор за нивните интереси, едукација и забава. Ваков медиум би дал простор за дискусија и размена на мислења за теми кои ги засегаат младите. Ангажманот во ваков медиум би им помогнал на младите да развијат нови вештини, да соработуваат и да креираат содржини.