Младински предлог бр. 2 за Општина Теарце

Мултифункционален кино објект

 

Проблем:

Иако во општина Теарце има 9 населени места, младите и жителите немаат можност да посетуваат кино проекции, затоа што во општината нема кино, ниту пак мултифункционален простор кој би можел да ја врши оваа намена. До деведесеттите во Теарце постоела зграда каде имало кино проекции, но објектот бил пренаменет и можностите за кино рекреација замреле.

Предлог:

Отворање на кино-простор во Теарце преку реставрација на стариот кино објект, или алтернативно пренамена на просторија од училиштето или друг објект во мултифункционален простор. Ова би подразбирало опремување на постоечки простор со техника за проекција, звук и столици кои би можеле да се собираат, а просторот да се ослободува и за други намени. Младите и другите жители би добиле можност да гледаат филмови и да се негува кино-културата, простор во кој се одржувале и други активности и едноставно повеќе можности за културно-забавни активности.