Младински предлог бр. 4 за Општина Липково

Младински центри

 

Проблем:

Во општина Липково нема центри за млади каде што младите би можеле да споделуваат различни идеи, да работат на различни иницијативи и проекти и да се вмрежуваат и дружат. Единствениот младински центар е во Куманово, но на младите им требаат активности во непосредната околина.

Предлог:

Пренаменување на постоечки простори низ општината во центри за млади. Истите да бидат опремени согласно потребите за активностите што ќе се одвиваат во нив (работилници, обуки, настани). Центрите за млади да бидат во непосредна близина на младите и во различните населени места и локации. Со овие центри младите ќе имаат простор каде што проактивно ќе може да учествуваат во заедницата преку развивање на нивните идеи, проекти, иницијативи и сл.

Со овие центри младите ќе имаат безбеден простор каде што ќе можат да се дружат и вмрежуваат. Отворањето младински центри е обврска на секоја локална самоуправа согласно Законот за младинско учество и младински политики.