Младински предлог бр. 4 за Општина Штип

Младински центар

 

Проблем:

Во општина Штип во моментов нема соодветен простор за младите, каде што би добивале поддршка и обуки за личен раст и развој и нивното вклучување во заедницата со волонтерски услуги организирани од самите млади.

Предлог:

Отворање на младински културен центар во Штип, кој би можел да функционира во рамките на Дом на култура „Ацо Шопов“, а би нудел културни, едукативни и забавни активности за млади. Вакви центри треба да постојат во сите единици на локална самоуправа, а тие се должни да обезбедат квалитетни услови на барем еден младински центар во својата територија. Формирањето на ваков младински центар подразбира обезбедување на минимум финансиски средства за негово функционирање од страна на единицата на локалната самоуправа.

Младите ќе можат да доаѓаат во центарот, да учествуваат во најразлични програмски активности или да креираат сопствени активности. Истовремено, тие ќе можат и да се самоорганизираат, дружат и да ги користат достапните ресурси. На тој начин ќе си го прошират социјалниот круг, ќе се стекнат со организациони способности и ќе се инспирираат едни од други.