Младински предлог бр. 1 за Општина Тетово

Младински центар за активни млади

 

Проблем:

Младите во Општина Тетово иако живеат во голем град, немаат младински центри. Младите активисти и волонтери немат простор каде да се среќаваат за планирање на активности, идеи и проекти. Младите се демотивираат кога не гледаат можности во својот град, а како единствен простор за ангажираност и креативност им остануваат кафулињата.

Предлог:

Единствено решение за овој проблем е отворање на младински центри кои ќе нудат различни можности за младите за унапредување на нивните вештини, знаења, младинска ангажираност и едукација. Младинските центри можат да бидат и простор за градење работни вештини за младите.

Со младинските центри се создаваат услови за поактивни млади кои се свесни за процесите во општеството и ќе учествуваат во носењето на одлуки. Домот на култура во Тетово е потенцијална локација каде би можел да се отвори младински центар. Отворањето на младински центар е обврска на локалните самоуправи според Законот за младинско учество и младински политики.