Младински предлог бр. 6 за Општина Карбинци

Младински Центар во Карбинци

 

Проблем:

Во Општина Карбинци во моментов нема соодветен простор каде што ќе се спроведува поддршка од секаков вид за личниот раст и развој на младите луѓе и нивното вклучување во заедницата со волонтерски услуги организирани од самите млади.

Предлог:

Вакви центри треба да постојат во сите единици на локална самоуправа, a тие се должни да обезбедат квалитетни услови на барем еден младински центар во својата територија. За центарот би можело да се намени некоја од просториите на месните заедници во Таринци, Карбинци или Радање. Формирањето на еден ваков младински центар подразбира обезбедување на минимум финансиски средства за негово функционирање, од страна на единицата на локалната самоуправа.

Младите ќе можат да доаѓаат во центарот, да учествуваат во најразлични програмски активности или да креираат сопствени активности. Таму тие ќе можат и да се самоорганизираат, дружат и да го користат достапните ресурси. На тој начин ќе си го прошират социјалниот круг, ќе се стекнат со организациони способности и ќе се инспирираат едни од други.