Младински предлог бр. 3 за Општина Теарце

Локален младински совет

 

Проблем:

Општина Теарце како и дел од другите рурални општини во полошкиот регион немаат основано локални младински совети, иако ова е законска обврска на секоја општина. Во 2015 година преку иницијатива на Центар за едукација и развој – Теарце беше формиран ваков младински совет, но по формализацијата ова тело не профункционира, а младите денес немаат свој совет.

Предлог:

Формирање на локален младински совет во Општина Теарце. Преку вакво тело, младите од деветте населени места во Општина Теарце, ќе имаат свои претставници, а нивните идеи и гласови ќе може да се чујат од носителите на одлуки во општината. Во овој процес треба да се вклучат младите, граѓанските организации активистите од општината, а претставниците на општината да ја сфатат сериозно оваа обврска и да обезбедат ресурси и отвореност за младинскиот совет.

Со решавање на ова прашање младите и нивните потреби ќе бидат претставени на локално ниво и нивните препораки директно ќе допираат до општината. Младинскиот совет треба да биде гласот на младите во Теарце. Локалниот младински совет може заедно со локалните организации да спроведува различни активности кои ќе придонесат кон руралниот развој. Младинскиот совет треба да добие свои простории за спроведување на активности, состаноци и настани.