Младински предлог бр. 3 за Општина Липково
Културни објекти и активности
Проблем:
Немање на доволно можности за развој на културен живот на младите Општина Липково. Во општината нема кино, нема театар и можностите за културно-забавен живот се ограничени.
Предлог:
Потребно е да се реновираат постоечки објекти и да се овозможи нивна употреба во повеќенаменски културни простори каде би имало кино претстави, концерти, театарски претстави, изложби и други настани. Да се обезбеди културна програма и содржини за младите, и да се поддржува креативниот израз и развојот на младите уметници.