Младински предлог бр. 5 за Општина Карбинци

Изградба на пешачко/рекреативна патека Таринци-Карбинци

 

Проблем:

Во овој реон младите се соочуват со недостаток на отворен простор за одржување на физичка активност од каков било вид. Со изградбата на пешачко-рекреативна патека на децата и младите од тој регион ќе им биде овозможено да стекнат поздрави навики, така што ќе ја користат за рекреативни цели – безбедно пешачење од Таринци до Карбинци и обратно, шетање, џогирање итн.

Предлог:

Општината да издвои дел од буџетските средства за изградба на пешачко-рекреативна патека Таринци-Карбинци. Со изградбата на патеката ќе се обезбеди непречена и безбедна врска помеѓу двете населени места. Ќе понуди нови можности за рекреација, комуникација и рекреативно спортување. Реализацијата на оваа иницијатива ќе придонесе кон подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, а особено на пешаците. Патеката ќе го подобри квалитет на живеење на граѓаните Општина Карбинци и село Таринци.