Младински предлог бр. 6 за Општина Тетово

Градски стадион по УЕФА стандарди

 

Проблем:

Младите во Тетово посакуваат во својот град да имаат стадион по УЕФА стандарди, каде би можеле да гледаат натпревари без да патуваат во Скопје за да го гледаат својот тим.

Предлог:

Реновирање на постоечкиот стадион во Тетово според УЕФА стандардите. Ова би можело да се изведе во соработка на Општина Тетово, ФФМ и поголеми локални претпријатија кои би вложиле во реновирање на стадионот. Вака би се креирала европска култура за следење на фудбалски натпревари, спортски настани и достојни услови за тренинг на локалните спортисти.