Младински предлог бр. 2 за Општина Тетово

Градска читална во град со два универзитети

 

Проблем:

Недостатокот на читалница е голем проблем кој ги погодува младите, кои немаат можности и простор за учење, читање и академска работа во својот град. Тетово е град со два универзитети, во кој студентите но и средношколците немаат простор каде можат да учат.

Предлог:

Отворање на градска читалница во Тетово. Еден начин на кој може да се изведе ова е преку мапирање на објекти во градот кои не се користат и нивно трансформирање во градска читалница што ќе нуди услови за младите читање и учење. Овој предлог и решение би ги унапредил можностите за едукација на студентите и средношколците.