Младински предлог бр. 3 за Општина Карбинци

Формирање на општинско младинско тело – локален младински совет

 

Проблем:

Младите треба да бидат вклучени во одлуките на Советот на општина Карбинци. Да се создадат услови за младинско учество во целокупната работа на Советот, со стимулирање на креативноста, проактивноста и храброста на младите, а со тоа и свесноста дека нивната идеја може да значи промена.

Предлог:

Преку креирање на општинско младинско тело кое ќе биде во функција на младите и нивните потреби, ќе се слуша гласот и потребите на младите во општината. Вака ќе се зајакнат младинските капацитети за здружување на локално ниво, истовремено и нивно препознавање од страна на општината. За локалниот младински совет треба да биде отстапена просторија во општинската зграда.

Формирањето на локален младински совет е законска обврска според Законот за младинско учество и младински политики за секоја локална самоуправа.