Младински предлог бр. 1 за Општина Карбинци

Дислокација и расчистување на дивите депонии во Карбинци

 

Проблем:

Во Карбинци се создадени неколку диви депонии од несовесните граѓани на повеќе локации. Депониите лошо влијаат на животната средина, на здравјето на околните жители и го нарушуваат пејсажот. Посебно е видлива депонијата покрај патот Карбинци-Радање.

Предлог:

Расчистување и дислокација на постоечките депонии, оплеменување на просторот, поставување на камери за евидентирање очекувани идни прекршители, добро означување на легалните депонии во општината и информирање на жителите.