Младински предлог бр. 3 за Општина Тетово
Бесплатен јавен превоз за млади
Проблем:
Иако Тетово веќе неколку месеци има јавен превоз низ градот, младите и студентите треба платат 2600 ден. за годишна карта. Овој износ е превисок, особено за млади лица кои се без примања и во образовен процес.
Предлог:
Воведување на бесплатен јавен превоз за младите во Тетово. Вака ќе се зголеми употебата на јавниот превоз, а би се намалила и употребата на возила. За да создадеме европски град кој нуди можности за младите тие треба да добијат бенефиции, а институциите да вложуваат што повеќе.
Бесплатниот превоз многу ќе го подобри квалитетот на живот на младите во Тетово, додека истовремено ќе го поттикне користењето на јавен превоз.