Младински предлог бр. 1 за Општина Штип
Алтернативен кино простор
Проблем:
Младите од Штип често го издвојуваат како проблем немањето класична кино сала. Во склоп на Универзитетот Гоце Делчев и Домот на култура има сали кои повремено и наменски служат за проекција на филмови. На младите им недостасува опцијата мејнстрим кино уживање.
Предлог:
Со оглед на пандемијата, кино на отворен простор е добар почеток за заживување на кино можностите за младите, а поради тоа што е на отворено е и релативно евтино за остварување. Друга подолгорочна можност за кино е одредување простор и креирање на проект за приватен инвеститор за комерцијална (3Д) проекција.
Преку отворањето на кино на отворено ќе се заживее културата кај младите и ќе се обезбедат нови можности за исполнување на слободното време.